Бучковски: Очекувам ДУИ да се откаже од идејата Насер Зибери да биде премиер

оранешниот премиер Владо Бучковски во денешното гостување на „Стадион“ на „Канал 77“ истакна дека очекува ДУИ да биде реален и да се откаже од идејата Насер Зибери да биде премиер.

– Јавно го кажав својот став пред изборите дека очекувам мртва трка со фото-финиш , блага предност на СДСМ од еден-два мандата и можност Заев повторно да биде мандатар. Коалициските партнери кои ги влошија односите за време на кампањата, според мене, овој резултат ќе ги зближи. Очекувам ДУИ да биде реален и да се откаже од идејата Насер Зибери да биде премиер – нагласи Бучковски.