Бубашвабите развија нови техники за парење, а виновни се луѓето
Женките бубашвабите престанале да сакаат слатко, односно избегнуваат гликоза откако таа почна да се става во отровните мамки, па мажјаците приспособиле стратегијата за парење. Имено, при „заведување“, мажјаците лачат неколку капки слатка течност на телото за да ги привлечат женките. Овој раствор е полн со протеини, масти и шеќер.
Кога женката бубашваба ќе се качи на нивниот грб за да се почести со романтичен подарок, мажјакот ја користи својата генитална кука за да се закачи на неа и да ја држи на место за време на парењето, кое обично трае околу 90 минути. Меѓутоа, некои женки, поради нивната новостекната аверзија кон гликозата, станале нечувствителни на овој облик на додворување, па мажјаците почнале да лачат различна течност и го забрзале процесот на закачување на женката.
Сладок отров за лебарки
Луѓето ја искористија оваа љубов кон слатките за да ги избркаат бубашвабите од своите домови и со децении додаваа раствор што содржи гликоза во отровот. Бубашвабите најпрво со ентузијазам ги гризеа мамките. Но, некаде кон крајот на 20 век, се појави нова мутација – аверзија кон гликозата, пишува The New York Times.
Никој не знае колку лебарки во моментов мразат слатки, но Коби Шал, еволутивен биолог од Државниот универзитет во Северна Каролина, се сомнева дека тоа е многу честа мутација. „Се повеќе се објавуваат трудови дека отровот повеќе не е толку ефикасен“, рече тој.
Развојот на аверзија кон гликоза им го спаси животот на некои лебарки, но им наштети на нивниот сексуален живот. Кога женките престанале да сакаат слатко, ги сметале за непривлечни секретите на мажјаците. Но, Шал и неговите колеги забележале дека мажјаците и покрај аверзијата кон гликоза сè уште можат да заведат женки, но со истата мутација.
Нова мутација: Побрзо се парат и испушта различна течност
Тие го анализирале нивното парење и откриле дека машкиот пол развил дополнителни мутации. Наместо да произведат „свадбена торта“ која содржи повеќе малтоза, тие создале покомплексен шеќер – малтотриоза; за што е потребно подолго време да се разложи до гликоза во плунката на женката.
Дополнително, на мажјаците кои сакаат слатко, им требало 3,3 секунди подолго за да започнат парење со женка, а на оние со аверзија кон гликоза им требало 2,1 секунда, што значи дека биле поуспешни во нивните романтични определби. Истражувањето под наслов „Густаторен полиморфизам посредува во нова адаптивна стратегија за додворување“ беше објавено во списанието Proceedings of the Royal Society B.