БТ ги претвора кутиите за инсталација во станици за полнење на електрични автомобили


Британската телекомуникациска групација БТ планира да инсталира опрема за полнење на електрични возила во уличните „ормари“ со кабли во пилот-проект што би можел да постави основа за мрежа од 60.000 нови точки за полнење.

Првата станица за полнење ќе биде инсталирана во шкотскиот Источен Лотиан, објави БТ, додавајќи дека ќе ја тестира опцијата и на други локации во Британија во наредните месеци.

Истражувањата покажаа дека недостатокот на полначи на британските патишта одвраќа одреден број граѓани да купат електрично возило, наведува британскиот Телеком, истакнувајќи го фактот дека 38 отсто од испитаниците веќе би го купиле доколку не очекувале проблеми со полнењето.

Според Хина, Британија на крајот на декември имала 53.906 станици за полнење на електрични возила. Владата сака да ја зголеми таа бројка на 300.000 до крајот на деценијата.

„Нашето ново решение за полнење е голем чекор во донесувањето на точките за полнење на патиштата“, рече извршниот директор на подружницата на БТ, Етц, Том Гај.

БТ ќе го додаде приклучокот за полнење на приклучоците за широкопојасни услуги, нагласувајќи дека нема да има потреба да гради нов приклучок за електрична енергија.