Брзи тестови за коронавирус на Клиниката за пулмологија и алергологија


На Клиниката за пулмологија и алергологија ќе биде воведен тест кој за 40 минути ќе покаже дали одреден пациент има коронавирус или некој друг вирус, најави денеска министерот за здравствор Венко Филипче.
– Тие тестови и досега ги имаше, со тоа што во палетата го немаше овој Sars-Cov-2. Таков апарат ќе биде инсталиран во амбулантата на Клиниката за пулмологија, како и на Клиниката за инфективни болести. За 40 минути ќе може да се детектира дали е пациентот позитивен на овој вирус или на некој од палетата останати вируси коишто вообичаено се јавуваат во есенските месеци, изјави Филипче, кој денеска заедно со директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, Дејан Докиќ, го пуштија во употреба новиот модуларен амбулантско-поликлинички оддел, лоциран во непосредна близина на зградата на интерните клиники.