Брутални сцени од улиците во Белорусија (галерија)


Европската јавност е речиси зашеметена од сцените на бруталното полициско насилство во Белорусија за време на протестите на мирните демонстранти против намесетените претседателски избори на кои автократот Александар Лукашенко прогласи уште една победа. Белорусите се познати како мирен народ, но кражбата на изборната победа на Светлана Тихановска изгледа ги прели сите чаши на трпение од 26-годишното владеење на Лукашенко. Интервенцијата на полицијата беше безмилосна, може да се рече дури и дивјачка. И тоа постигна спротивен ефект, наместо да ги заплаши Белорусите – тие не пресатнуваат со протестите уште од неделата вечерта.

Досега се уапсени околу 8.000 демонстранти, но по огромниот притисок на јавноста денеска (петок) беа ослободени илјада од нив. Уапсените кажуваат застрашувачки приказни од тепањето и мачењето во затворите. Во простории од 12 метри квадратни биле напикувани по 50 лица и потоа тепани.

Фотографиите, главно од протестите во главниот град Минск, ја покажуваат ужасната драматика на пресметката на полицијата со народот.