Брутални сцени на насилство пред Парламентот во Србија


Српскиот министер за надворешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека вечерва пред Парламентот се случуваат брутални сцени на насилство и дека полицијата морала да реагира, со цел да го заштити јавниот ред и мир и имотот.

– Имаме насилство и кршење прозорци на Парламентот и инвентарот, камери на зградата, напад врз влезот и обид да се повредат полицајците врз кои се фрлаат камења, истакна Стефановиќ за ТВ Прва.

Тој нагласи дека апелите не се прифатени, додавајќи дека еден дел од демонстрантите насилно се обиделе да влезат во Собранието.

Стефановиќ предупреди дека секој кој користи насилство ќе добие одговор од државата. Според него, овие сцени се за осуда и полицијата трпи големо насилство, но реагира правовремено и исправно.

Инаку, пред Парламентот на Србија вечерва ситуацијата повторно ескалира. Како што јавија српските медиуми демонтрантите се судриле со полицијата, повторно се фрла солзавец, а има и зголемено присуство на полицијата.

Некои медиуми јавуваат дека избоден е припадник на десничарите од страна на еден демонстрант. Пробиена е оградата околу Парламентот, а кон полицијата се фрла со камења, запалени факели, а се слушаат и петарди и топовски детонации.

Во немирите повредени се и новинар и снимател.

Вечерва, демонстрантите не седеа, како што тоа го направија вчера.