Бројот новозаразени во Русија повторно над 6.000


Во Русија во последните 24 часа потврдени се 6.595 нови случаи со корона вирус, што е најголем дневен пораст од 12 јули, соопшти Кризниот штаб.

Вкупниот број заразени сега е 1.128.836, а Русија е четврта на светот по број на потврдени случаи, пренесе Тас.

Од последните извешта досега починаа уште 149 пациенти, со што вкупниот број се искачи на 19.948.