Бројот на жртвите од Ковид-19 во Франција се зголеми за 437, вкупно 23.293 смртни случаи


Во изминатите 24 часа во Франција се регистрирани  437 нови смртни случаи од Kовид-19.

Вкупно во болниците и домови за нега на стари лица починале 23.293 лица. Во моментов на болничко лекување се наоѓаат 28.055 лица, од кои 4.608 се тешки случаи и се на интензивна нега.

Бројот на хоспитализираните и на интензивна нега се намали во изминатите 24 часа,  шеснаесетти ден по ред има намалување на лицата на кои им е потребна болничка нега.