Бројот на заразени со коронавирусот во светот се доближува до 71 милион


Бројот на луѓе заразени со коронавирусот во светот денеска надмина 70 милиони и се доближува до 71 милион, покажуваат податоците на интернет страницата Ворлдометерс (worldometers.info).

Во овој момент, 70.785.244 луѓе се разболеле, 1.589.732 починале, додека 49,2 милиони закрепнале.

Бројот на пациенти кои имаат полесна форма на коронавирусот е 19,8 милиони или 99,5 проценти, додека бројот на пациенти во сериозна состојба е 106.676, или 0,5 проценти.

Најмногу заразени имаат САД, повеќе од 16 милиони, следува Индија со 9,7 милиони и Бразил со 6,7 милиони луѓе заразени со коронавирусот.