Бројот на заразени од ковид-19 се ближи кон три милиони


Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус се заразени 2.695.418 лица. Од нив починати се 188.804, а оздравеле 739.871 луѓе

– Според последните податоци, во Црна Гора нема новозаразени, и бројот останува на 316 позитивни на коронавирусот.

– Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека е потребна фундаментална реформа на СЗО по раководењето со пандемијата на коронавирусот и оти САД, кои се најголем донатор на СЗО, можеби никогаш нема да го обноват финансирањето на тоа тело на ОН.

– Во Турција бројот на починати се зголеми за 115 на вкупно 2.491, соопшти турското Министерство за здравство. Вкупно се заразени 107.790, што е најголем број во земјите вон Европа и САД. Излекувани се 18.491 лица.

– Воздушниот сообраќај во Европа е едвај 10 проценти во споредба со истиот период минатата година, соопшти Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт.

– Франција го прошири списокот на лекови кои се забранети за извоз од земјата, вклучително и десетина кои се употребуваат во лекувањето на Ковид-19, и покрај повеќе повици од ЕУ да ги укине ограничувањата кои можат да доведат до дефицит во други земји.

– Најстариот брат на американската сенаторка Елизабет Ворен, Доналд Рид Херинг, починал од Ковид-19.

– Трет ден по ред се намалува бројот на новозаразени во Русија. Вкупниот број на заразени надмина 62.000.