Бројот на заболените од корона вирусот во САД надмина 200.000


Бројот на случаи на коронавирус во Соединетите држави надмина 212.000 во средата, официјалните лица предупредуваа врвовите во потврдени случаи наскоро може да се видат надвор од големите градски центри.

На својот дневен брифинг во средата, гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, изјави дека неговата држава има повеќе од 83.000 од вкупните инфекции на корона вирус и 1.941 од смртните случаи. Соседниот Њѕ Џерси е втората најтешко погодена држава, со повеќе од 18.000 случаи и 267 смртни случаи.

Само во Њујорк, во моментов епицентарот на појава на избувнување во САД, 12.226 лица остануваат хоспитализирани, што претставува зголемување за 1.297 во изминатите 24 часа, од кои над 3.000 се на интензивна нега. Куомо истакна дека повеќе од 6.000 пациенти биле лекувани и ослободени од болниците во државата.

Податоците од САД, сепак, доаѓаат во време на извештаи дека Кина го потценила обемот на заразата во оваа земја, потеклото на корона вирусот. Блумберг њуз, повикувајќи се на извори од Белата куќа, во средата објави дека американски разузнавачки службеници веруваат дека Кина пријавила помал број на заболени и смртни случаи од Ковид-19.

Повеќе од 4.700 луѓе починаа од вирусот на национално ниво.

Куомо, исто така, ги намали претходните проекции за тоа кога Њујорк ќе забележи врв на бројот на нови случаи, велејќи дека доколку жителите на државата можат да се придржуваат до минимални насоки за социјално растојание, врвот на епидемијата би можел да дојде на крајот на април. За таа цел, тој најави дека сите игралишта во Њујоркќе бидат затворени. Парковите ќе останат отворени, рече тој.  (Ал џезира)