Бројот на заболени се покачи – 542 нови случаи на ковид
Починале седум лица, а оздравеле 298 пациенти
Новите инфекции од корона висрус се сголемуваат на крајот од годината – во последните 24 часа се рагистрирани 542 позитивни случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Направени се 5.990 тестирања, што значи дека позитивни се 9 отсто од примероците. Зголемениот број тестирања е веројатно и поради тоа што на многу граѓани им е потребен негативен ПЦР тест за да патуваат во странство.
Од регистрираните случаи најмногу се во Скопје – 280, Битола – 52, Охрид – 32, Кавадарци – 31, Прилеп – 28, Струмица – 20, Куманово – 13, Гевгелија – 11, Кичево – 9, Штип и Ресен – по 8, Валандово – 7, Велес – 6, Струга и Неготино – по 5, Тетово и Радовиш – по 4, Кочани – 3, Крива Паланка, Делчево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 2, Гостивар, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Богданци и Македонска Каменица по еден.
Оздравеле 298 оздравени пациенти, од кои најголемиот број – 171, се од Скопје.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се седум починати лица. Три починати лица се од Скопје (57, 64 и 81), две починати лица се од Битола (46 и 80) и по едно починато лице од Охрид (76) и Прилеп (73). Сите се починати во болнички услови.
Бројот на активни случаи изнесува 5.243. Половина од нив се во Скопје, а само во пехчево нема ниту еден активен случај.