Бројот на заболени од корона вирус во Германија постојано расте, повеќе од 125.000


Бројот на заболени од ковид-19 во Германија надмина 125.000.

Според податоците на германскиот институт Роберт Кох, сојузната агенција за контрола и превенција од заразни болести, бројот ан потврдени случаи на заразени од корона вирусот во Германија изнесува 125.098, а бројот на починати е речиси 3.000.

Во последните 24 часа од последици на инфекцијата ковид-19 во Германија починаа уште 170 луѓе.