Бројот на вработени во јавната администрација е 129.374, а намален е за 2.714


Годишниот извештај за податоците за вработените во јавниот сектор за 2022 година покажува дека бројот на вработените во јавниот сектор изнесува 129.374 лица. Тие својот работен ангажман го остваруваат во 1.354 институции. Бројот на институции во однос на 2021 година е згомелен за осум институции.

– 60 отсто се на локално ниво, а 40 отсто на централно 533 образование, труд и социјала 125 институции, култура 121 институција, управа 117, комунални 113, здравство 111, локална власт 81, правосудство 64, правда 14 и друго. Споредбено со извештајот за 2021 година, бројот на вработени е намален за 2.714 вработени -рече министерот за  информатичко општество и јавна администрација Азар Алиу.

Од вкупниот број, 18.909 лица биле вработени во Армијата, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и Управата за финансикса полиција. Освен како бројка, други податоци за овие вработени не се содржат во извештајот, заради законската обврска за безбедност.

Во дејноста образование има најмногу вработени и тоа 34 отсто, а потоа здравство 18 проценти, управа 13 проценти, комунална дејност 9 проценти и така натаму. 

Во државната власт се вработени 14.531 лице. 

Од вкупно 129.374 лица, во Владата, министерствата, органите во рамки на министерствата, самостојните органи на државната управа и итн. се вработени 14 531 лице, нагласи Алиу. 

Извештајот нотира дека во голем број институции – 504 има до 50 вработени, а најмал број, само 24 институции имаат над 500 вработени. 

Како и во претходните извешати, така и во овој, како што рече Алиу, се покажува дека дека голем број од вработените во јавниот сектор се жени – 56,29 отсто, наспроти мажи – 43,71 отсто. 

Жените се најзастапени во областа труд и социјална политика – 82,99 отсто, особено јавните установи за социјална и детска заштита. Во здравството има 72,72 отсто и образование со 66,71 отсто жени. Мажите се најзастапени во дејноста животна средина со 89,29 отсто, а доминантно се застапени и во дејностите транспорт и комунални работи. 

-Просечната возраст на вработените изнесува 46,03 години. Споредбено со Извештајот за 2021 година, се забележува незначително намалување на просечната возраст на вработените во јавниот сектор, рече министерот. Информира дека до 31.12 2022 година, 71 отсто од вработените се Македонци, 21,6 отсто се Албанци, 2,42 се Турци, Роми – 1,49 отсто… 

Во 2022 година се воочува намалување на бројот на доктори на науки и на магистри, а на сметка на тоа се зголемува бројот на вработените во основно образование. Тој потенцира дека повеќе од половината, односно 55,85 отсто од вработените во јавниот сектор имаат најмалку високо образование.