Бројот на новозаболени падна под илјада, починаа 11 лица
За прв пат по подолго време бројот на новинфицираните од корона вирусот падна под илјада. Во последните 24 часа регистрирани се 920 нови случаи на Ковид-19 од направени 3.338 тестови, што е 27,5 отсто од примероците. Починаа 11 лица, аима 1.190 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство.
Од новорегистрираните 920 случаи од Скопје се 502, Битола – 54, Куманово – 48, Велес – 40, Тетово – 35, Прилеп – 31, Кавадарци – 27, Штип – 24, Кичево – 20, Струмица и Гостивар – по 18, Охрид – 16, Неготино – 14, Гевгелија – 12, Кочани – 11, Свети Николе и Крива Паланка – по 8, Струга – 7, Ресен – 5, Демир Капија, Виница и Дебар – по 4, Богданци и Кратово – по 3, Делчево – 2, Пробиштип и Радовиш – по 1.
Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 119 реинфекции.
Од регистрираните 1.190 оздравени пациенти од: Скопје – 1.039, Куманово – 47, Битола – 32, Гостивар – 16, Штип – 13, Дебар – 9, Струмица – 7, Кочани и Ресен – по 5, Радовиш – 3, Велес, Кичево, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Тетово, Кавадарци, Неготино, Берово, Пробиштип и Кратово – по 1.
Од починатите 11 лицеа шестимина се од Скопје (61, 66, 67, 72, 78 и 83), две лица од Битола (66 и 88), по едно од Охрид (91), Струмица (77) и Тетово (72). Сите се починати во болнички услови. Од нив шест лица биле целосно вакцинирани, кај деветмина се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 287.016, бројот на оздравени пациенти е 267.134, на починати е 8.747, а бројот на активни случаи изнесува 11.135. Најмногу активни случаи има во Скопје – 6.314, а по него следат Битола со 519 и Куманово со 470. Најмалку активни случаи има во Дојран – 5.