Бројот на новозаболени, конечно, падна под 100 – починаа тројца пациенти


Фото: Б. Грданоски

По повеќе денови бројот на новоаболени од Ковид-19 во Македонија во еден ден падна под 100. Имено, според податоците на Министерството за здравство во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Ковид-19.

Во изминатото деноноќие починале три лица oд кои двајца на возраст од 43 и 72 години во ГОБ „8 Септември“ и една пациентка на возраст од 76 години во Клиничката болница во Штип, а регистрирани се 123 оздравени.

По градови новите случаи се распределени во:

-Скопје 30
-Куманово 8
-Дебар 1
-Штип 13
-Прилеп 5
-Тетово 3
-Струга 11
-Велес 1
-Битола 1
-Охрид 2
-Кавадарци 1
-Гостивар 1
-Пробиштип 1
-Кратово 1
-Свети Николе 1
-Кичево 8

Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од:

-Скопје 70
-Штип 6
-Прилеп 4
-Тетово 31
-Велес 3
-Кочани 2
-Пробиштип 1
-Кичево 1
-Ресен 4
-Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 78.133 тестирања на Kовид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8197, бројката на оздравени пациенти е 4.326, на починати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.486.

Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 3.878, активни 1.788
•       Куманово 862, активни 194
•       Дебар 151, активни 89
•       Штип 457, активни 178
•       Прилеп 301, активни 64
•       Тетово 871, активни 292
•       Струга 330, активни 171
•       Велес 203, активни 33
•       Битола 71, активни 28
•       Охрид 227, активни 135
•       Кавадарци 26, активни 18
•       Гостивар 230, активни 144
•       Гевгелија 12, активни 2 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•       Струмица 24, активни 16
•       Крива Паланка 19, активни 9
•       Радовиш 8, активни 4
•       Крушево 12, активни 7
•       Кочани 77, активни 13
•       Пробиштип 37, активни 24
•       Демир Хисар 8, активни 7
•       Македонски Брод 8, активни 4
•       Пехчево 6, активни 1
•       Берово 4, активни 1
•       Валандово 6,
•       Виница 4, активни 1
•       Делчево 1,
•       Кратово 7, активни 4
•       Свети Николе 118, активни 111
•       Кичево 81, активни 69
•       Ресен 137, активни 77
•       Неготино 21, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 973 теста се преку: ИЈЗ-584, ЦЈЗ Скопје-22, МАНУ -97, Клиника „Жан Митрев“ –110, Систина со PCR метода -140, ЦЈЗ Битола-20. Досега во земјата се направени вкупно 78.133 тестирања на Ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 52 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, пет деца позитивни и едно дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум пациенти, вкупно хоспитализирани се 88 пациенти. На респираторна машина се четворица пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 302
•       Аеродром – 162
•       Бутел – 135
•       Гази Баба – 199
•       Центар – 138
•       Карпош – 145
•       Сарај – 118
•       Кисела Вода – 107
•       Ѓорче Петров – 113
•       Студеничани – 116
•       Шуто Оризари – 83
•       Арачиново – 42
•       Илинден – 23
•       Петровец – 20
•       Чучер Сандево – 11
•       Сопиште – 12
•       Зелениково- 15
•       Странец – 6
•       Нераспределен- 41.