Бројот на нови инфекции се намалува, но смртноста и натаму е висока – 22 починати лица


Фото: Б. Грданоски

 

Во изминатите 24 часа регистрирани се 838 нови случаи на Ковид-19 од 4.078 тестови, што изнесува 20 отсто од примероците. Почанити се вкупно 22 лица. 

Бројот на новозаболени според градови: Скопје – 430, Велес – 52, Битола – 42, Куманово – 40, Тетово – 34, Прилеп – 33, Струмица – 23, Кавадарци – 22, Кичево – 19, Неготино – 17, Охрид – 16, Штип – 15, Гостивар – 14, Гевгелија и Ресен – по 12, Кочани – 10, Радовиш – 9, Струга – 8, Дебар – 7, Крива Паланка – 4, Делчево, Валандово, Виница и Демир Хисар – по 3, Богданци – 2, Свети Николе, Берово, Кратово, Крушево и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 118 реинфекции.

Регистрирани сe 1.140 оздравени пациенти од: Скопје – 413, Битола – 98, Кавадарци – 97, Велес – 91, Тетово – 61, Гостивар – 49…

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: 10 починати лица од Скопје (69, 73, 76, 77, 77, 80, 81, 83, 84 и 85), три починати лица од Тетово (64, 72 и 74) и по едно од Кочани (70), Кратово (84), Крива Паланка (71), Куманово (68), Неготино (83), Прилеп (83) и Струмица (78). Сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени две починати лица од Скопје  на возраст од 77 и 86. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 14.02.2022. Тие починале во болнички услови.

Кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на ковид ијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 292.660, бројот на оздравени пациенти е 275.948, на починати е 8.891, а бројот на активни случаи изнесува 7.821.

Според епидемиолошки анализи во моментов најмногу активни слуачи има во Скопје – 4.479, па во Куманово – 337 и Битола 371. Најмалку активни случаи има во Дојран – 2 и во Македонска Каменица – 1, соопшти Министерството за здравство.