Бројот на мртвите во Италија се намали


Трет последователен ден паѓа бројката на хоспитализирани лица во Италија од корона вирусот, бројот на починати падна под петстотини – денешната бројка е 437, но инфекцијата уште не се стишува. Во моментов бројот на лицата на интензивна нега е 2.384, што е 87 помалку од вчера. Хоспитализирани со симптоми се 23.805 луѓе (329 помалку од вчера). Но бројката на починати стигна до 25.085.

Дури 2.943 се излечени во последниве 24 часа (најголема бројка од почетокот на епидемијата). Вкупната бројка на излечени сега изнесува 54.543. Во домашна изолација се наоѓаат 81.510 луѓе.