Бројот 7 ќе биде на дресот на Азар во Реал


Реал Мадрид денеска официјално го соопшти бројот што Еден Азар ќе го носи во дресот на „кралевите’“, тоа е бројот 7.

Белгискиот репрезентативец, кој ова лето како големо засилување дојде од Челзи во Реал Мадрид, на подготвителните пријателски натпреварари го носеше бројот 55.

Азар во Челзи го носеше бројот 10, но тој број во Реал му припаѓа на капитенот на хрватската репрензентација Лука Модриќ.

Седмицата со која се задолжи новата ѕвезда на „кралевите“, години наназад го носеше Кристијано Роналдо, а претхедно и легендата на Реал Мадрид, Раул.