Бројни полициски сили го чуваат српското Собрание


Бројни полициски сили со опрема за разбивање демонстрации се наоѓаат околу зградата на српското Собрание. Тука се поставени полицајци на коњи и со кучиња, како и неколку полициски возила.

Неколку десетици полицајци со идентична опрема се распоредени во близина на зградата на РТС.

Како што објави известувачот на Н1, пред влезот на Собранието е мала група луѓе и малку поголема од другата страна на улицата, на почетокот на паркот Пионир.

Полицијата веќе е подготвена со поставена железна ограда и шпалир  од припадници на специјалните сили, сместена од страна и пред влез во Собранието.

Друг дел од полициските сили се наоѓа во Пионерскиот парк, кон зградата на Претседателството на Србија, каде што има и околу стотина полицајци со целосна опрема, јавува известувачот на Н1.

Луѓето кои се веќе пристигнати изјавуваат дека не се дел од никаква политичка опција и дека на социјалните мрежи слушнале за закажаниот протест и одлучиле да видат за што станува збор.