Бројките во Србија и понатаму растат, 4.769 новозаразени, починаа 32
Според последните податоци, во Србија забележани се уште 4.769 случаи на зараза со коронавирус, а починаа 32 пацинети.
Во болница се лекуваат 5.899 лица, од кои 236 на респиратор.
Во последните 24 часа тестирани се 14.474 лица, а од почетокот на пандемијата 3.277.390.
Вкупно досега починаа 4.966 пациенти. Процентот на смртност е 0,89 отсто.
Во Србија денеска, стигна редовната испорака на вакцините од „Фајзер“ и „Бионтек“ со 55.990 дози, соопшти Министерството за здравство.
Членот на Кризниот штаб епидемиологот Предраг Кон предупредува дека здравствениот систем е на раб на пропаст и дека единствено почитување на мерките може да го сочува.
Тој вели дека суштината е во тоа што луѓето се плашат од самите вакцини, а тоа е без основа.