Бројките на заразените во Словенија и натаму растат – денеска има 834


Сите пабови и ресторани во Словенија кои се наоѓаат во црвените зони ќе мора да бидат затворени

Бројот на заразени лица во Словенија сè уште расте. Вчера, со извршени 5.126 тестови беа забележани 834 заразени лица, што претставува 16 отсто од сите тестирани. Четири лица ја загубија борбата против болеста (сите во болница), а досега има 180 смртни случаи. Во Словенија во моментов има 5.413 потврдени активни случаи.

Болниците исто така се полнат. Хоспитализирани се уште 34 лица, девет се отпуштени, вкупно 242 се во болнички кревети, од кои 45 веќе се на интензивна нега.

Портпаролот на владата, Јелко Кацин, на прес-конференцијата изјави: „Никогаш не е толку лошо за да не може да биде уште полошо“. Тој додаде дека овој пат ќе биде уште полошо ако мерките не успеат. „Тие ќе дејствуваат кога ќе ја свртиме кривата. Нема да биде подобро без соработка на сите“, потенцираше тој. Кацин додаде дека на самитот на ЕУ денес се дискутира само на една тема, Ковид-19.

Регионите Подравска и Помурска денес веќе ја надминаа границата за црвената зона.

Прерано е да се зборува за можна објава на епидемија, но Кацин тврди дека јавноста ќе биде информирана навремено. Владата и советничката група ќе разговараат за ова. Клучен фактор е бројот на зафатени кревети. (Дело)