Бројката на заразени во Скопје расте во сите општини
Денешните 97 новозаразени од Ковид-19 во Скопје и натаму го држат главниот град далеку пред сите во државава. Денес во Скопје има активни 1.323 случаи, а од почетокот на епидемијата се регистрирани 1.995 (тука влегуваат и излечените и починатите), така што процентот на оние што сега се борат со болеста изнесува огромни 66 отсто.
Деталните податоци за состојбата со вирусот по скопските општини заклучно со вчера покажува дека ширењето на Ковид-19 е насекаде во главниот град, некаде повеќе, некаде помалку. Со тоа што далеку најзагрозена општина е Чаир, каде бројката надмина 300, а по неа е Аеродром.
Еве како тоа изгледа по општини според последните податоци од вчера, 15 јуни, објавени од Министерството за здравство:
Чаир – 302 Аеродром – 118 Бутел – 110 Центар – 105 Гази Баба – 104 Сарај – 96 Карпош – 94 Кисела Вода – 64 Ѓорче Петров – 53 Студеничани – 52 Шуто Оризари – 40 Арачиново – 33 Илинден – 27 Петровец – 9 Сопиште – 8 Чучер Сандево – 7 Зелениково – 1 Странци – 2