600 илјади долари помош од САД за Македонија за борба против Ковид-19


Американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнс, денеска објави САД ќе ѝ дадат 600.000 долари помош на Македонија за справување со кризата со корона вирусот.

Брнс тоа го најави во видео состанокот со министерот за здравство, Венко Филипче и претставничката на СЗО во земјава, Џихан Тавилах. Брнс соопшти дека САД обезбедиле грант од 10 милиони долари за Светската здравствена организација, од кои дури 600 илјади долари ќе бидат наменети за поддршка на работата на СЗО во Македонија. Ова, како што соопшти на Фејсбук американската амбасада, „е дел од помошта на Соединетите Држави за Северна Македонија и се заснова на долгата историја на пријателство, партнерство и сојуз меѓу нашите две држави“.