Британските супермаркети ставаат картонски зеленчук на полиците


 

Супермаркетите во Велика Британија користат картонски слики од овошје, зеленчук и други производи за да ги пополнат празнините поради проблемот со набавката, пишува „Гардијан“.

„Теско“ почна да користи слики од артичока, морков, портокали и грозје, што предизвика исмејување на социјалните мрежи.

„Мммм, вкусни фотографии на артичоки“, напиша еден корисник на Твитер.

Друг ја исмеваше големината на сликите.

„Ми се допаѓа што артичоките нараснуваат до оваа големина во Велика Британија. Тоа е доо нашата клима, сигурен сум“, напиша.

Купувачите ги воочија лажните моркови во Факенхам, каротнски артичоки во лондон, слики од портокали и грозје во Милтон Кејнс и 2Д шишиња со течност за перење во Кембриџ.

Сето ова се случува поради недостиг на работници, што доведува до ниска достапност до некои артикли во супермаркетите.

Брајан Робертс, аналитичар на малопродажба, вели дека во последната година почнал да забележува картонски облици на свежи производи, но дека таа тактика се користи веќе некое време.

„Тоа стана сосем вообичаено. Не е само поради немањето, туку и затоа што многу поголеми продавници сега се едноставно преголеми“, вели тој.

Пополнување на просторот

Тој објаснува дека се работи за една тактика на пополнување простор.

„Теско“ тврди дека користењето слики од овошје и зеленчук не е поврзано со неодамнешните проблеми со синџирот на набавка.

Супермаркетите и производителите го намалија асортиманот на повеќе видови тесенини, кафе или чај, кои ги продаваат за да го олеснат протокот на стока.

Некои гломазни и не толку исплатливи артикли, како флаширани газирани пијалци и вода, исто така се подолу на листата приритети на испорака поради недостиг на возачите, што значи дека на полиците може да има поголеми празнини отколку инаку.

Порастот на интернетското купување во меѓувреме доведе до тоа многу супермаркети повеќе не се складираат непрехранбени артикли како телевизори, ЦД-а или греачи за вода, што некогаш беше случај, оставајќи празен простор кој повеќето не успеале да го наполат со лтернативни производи.

Картонските замени за кскапи предмети како детергенти, протеински прашоци и алкохолни пијалоци, како џин, исто така понекогаш се користат за спречување кражби во дуќаните. Сликите на артикли се ставаат понекогаш за да се означи нивната достапност, а купувачите ги добиваат на благајната.