Британските разузнавачи велат дека се случила голема промена кај руските воздушни сили


 

Министерството за одбрана на Велика Британија објави ново дневно разузнавачко известување за состојбата во Украина.

Разузнавачите, во него, наведуваат дека последните месеци значително го намалиле бројот на налети на руските борбени авиони над Украина.

„Руските авиони сега веројатно изведуваат десетици мисии дневни, во споредба со високиот број од 300 мисии дневно во март“, нагласуваат разузнавачите.

Продолжија за руските воздушни загуби.

„Руисија досега изгуби повеќе од 60 борбени авиони во судирот, а на ова треба да се придодадат ловците Su-24M FENCER и јуришниот авион Su-25 FROGFOOT кои ги изгубија минатата недела“, наведуваат разузнавачите.

Додаваат дека намалениот број на налети веројатно се реузлтат на постојаната висока закана на украинската противвоздушна одбрана, ограничувања на часовите на летање и влошување на времето.

„Со голед на тоа дека руската тактика на копнените напади на големо се потпираат на визуелната идентификација и ненаведуваното оружје, руските воздухопловните сили веројатно да продолжат со низок број копнени напади во текот на лошото зимско време“, заклучуваат британските разузнавачи.