Британскиот супермодел Стела Тенант ненадејно почина на 50 години


Англија– Славната британска манекенка Стела Тенант синоќа ненадејно починала на 50 години, објави денеска нејзиното семејство, пренесува Гардијан.

-Со неизмерна тага објавуваме дека Стела ненадејно почина на 22 декември, на 50 години. Стела беше прекрасна личност и голема инспирација на сите нас и многу ќе ни недостасува – се вели во соопштението од нејзиното семејство.

Тенант со Кејт Мос и Наоми Кембел на затворањето на Олимписките игри во Лондон во 2012 година

Стела беше позната британска манекенка, внука на Ендру Кевендиш, војвода од Девоншир. Таа студирала вајарство на „Winchester School of Art” а ги красеше насловните страници на многу светски познати магазини, меѓу кои и на Вог, а соработувала и со познатиот моден дизајнер Карл Лагерфелд.

Тенант во август годинава објави дека се разведува од сопругот Дејвид Ласнет по 21 година брак. Го запозна во врвот на популарноста, а по гламурозната свадба се преселија на огромниот имот на нејзините родители во Шкотска. Заедно имаат четири деца, на возраст од 15 до 22 години.