Британскиот министер за здравство се повлече од трката за премиер

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок се повлече од трката за лидер на Конзервативната партија и за премиер на Велика Британија и на тој начин останаа уште шестмина кандидати.

– Учествував како кандидат на иднината, но партијата е ориентирана да бара кандидат за конкретните состојби, со кои таа е моментно соочена, истакна Хенкок, додавајќи дека ќе се поврзе со останатите претенденти и ќе помогне во изборот.

Лондонскиот весник „Гардијан“ пишува денеска дека некои кандидати за лидерската функција во партијата ја разгледуваат можноста да се здружат, со цел да не му дозволат победа на поранешниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон.