Британскиот крал одржа говор во Бундестагот


Лондон– Британскиот крал Чарлс Трети денеска предупреди за „заканата“ што ја претставува руската инвазија врз Украина за безбедноста на Европа и „демократските вредности“.

Во говорот пред германските парламентарци, тој ја подвлече значајната улога што Велика Британија и Германија ја одиграа во поддршката на Киев, особено на воениот фронт.

– Одлуката на Германија да испрати голема воена помош за Украина е храбра, важна и добредојдена, рече тој.

Британскиот крал, првиот монарх кој зборуваше во Бундестагот, беше пречекан со долг аплауз.

Во говорот одржан главно на германски јазик, Чарлс Трети повика на единство околу Украина и климатските промени.

Британскиот крал Чарлс Трети вчера пристигна во посета на Германија, што е негова прва посета во странство откако дојде на тронот. Тој првично требаше да ја посети Франција, а потоа и Германија, но посетата на Франција беше одложена поради протестите во земјата.

Британскиот крал и кралицата сопруга Камила, кои беа пречекани со воени почести на Бранденбуршката порта, ќе престојуваат во Германија и утре.