Британскиот амбасадор положи испит по македонски јазик

Битанскиот амбасадор во Македонија, Метју Лосон, кој неодамна стапи на функцијата, доби сертификат за положен испит по македонски јазик, ниво Ц1.За ова тој се пофали на социјалните мрежи велејќи дека му претставува чест и задоволство да го учи македонскиот јазик.
„Многу сум среќен што положив испит по македонски јазик, Ц1. Ова е доказ од Министерството. Негувајте ги вашите јазик и вашата култура“, вели Лосон во видеопорака зборувајќи на македонски јазик.
Ова не е првпат новиот британски амбасадор да објави видеопорака во која зборува на македонски. Неговото прво видео обраќање, како и честитката за 11 Октомври – Денот на народното востание беа на македонски јазик.