Британски зоолошки градини собраа околу 25.000 фунти за три во Украина


Две британски зоолошки градини собраа околу 25.000 фунти за три зоолошки во Украина, јави Би-Би-Си.

На овој чекор се одлучиле, откако животни во Украина беа пуштени во шума, со цел да не настрадаат.

Донации, профит од продавници и од ресторани, како и половина од парите од продадените билети, се собрани за оваа цел.

Една од зоолошките за што се собираше помош, поради руската инвазија, е и таа во Харков.

– Tрагедија во Харков, двајца вработени беа убиени, додека се обидувале да ги вршат своите должности, изјави за медиумот, Денис Флин, извршен директор на Wild Planet Trust, што раководи со двете британски зоолошки градини.

Двојно повеќе луѓе од вообичаено, ги посетиле британските зоолошки за време на изминатиот викенд, кога се собираа донациите.