Британски суд одби Мадуро да го контролира златото на Венецуела


Англија – Британски судија одби да и даде контрола на Венецуела над повеќе од милијарда долари во злато, кое се наоѓа во трезор во Банката на Англија, пресудувајќи дека е нелегално да му се предаде златото на Николас Мадуро, бидејќи Велика Британија не го признава за претседател на Венецуела.

Британскиот суд во случајот за тоа кој ги контролира златните резерви на Венецуела, кои се чуваат во Лондон, пресуди дека Велика Британија го „признала“ венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо за претседател на земјата..

Мадуро побара да му се предаде златото за да и помогне на земјата во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Сепак, британската централна банка, чија влада ја признава Гуидо за легитимен лидер, одби да го предаде златото на социјалистичката влада на Мадуро.

Гуаидо сака да ги зачува резервите на злато во Банката на Англија за да ги држи подалеку од владата на Мадуро.

Централната банка на Венецуела се обиде да го добие златото, кое сака да го продаде за храна и медицинска опрема, бидејќи на Венецуела очајно и се потребни средства во борбата против пандемијата.

Сарос Заивала, адвокат што ја претставува страната на Мадуро, најави дека ќе се жали на пресудата.
Тој во соопштение оцени дека пресудата „целосно ја игнорира реалноста на ситуацијата на теренот“ во Венецуела.