Британски синџир од супермаркети ги отстрани руските производи


Британскиот синџир на супермаркети ги отстрани руските производи како одговор на одлуката на Владимир Путин да ја нападне Украина.

„Sainsbury’s“, вториот по големина оператор во британскиот пазар објави  дека ќе ги отстрани од своите продавници сите производи „кои се набавени 100 отсто од Русија“, вклучително и вотката „Руски стандард“.

Земјите на ЕУ,  исто така, започнаа процес кој може да воведе повисоки царини за руските стоки, зголемувајќи го економскиот притисок во Москва по нејзината инвазија на Украина. Тројца дипломати на ЕУ рекоа дека претставниците на земјите-членки дале зелено светло за укинување на привилегиите на Русија во Светската трговска организација.

Украина во четвртокот побара од членките на СТО да ги отстранат трговските придобивки на Русија, па дури и да размислат за исфрлање на земјата од СТО.  Тоа ќе го погоди рускиот извоз на стоки во ЕУ, кој беше во вредност од 79 милијарди евра во 2020 година. се најавува и  забрана за увоз или големи царини, што дополнително ќе ги зголеми финансиските маки на Русија во пресрет на веќе голем број санкции наметнати од ЕУ и другите водечки економии.

ЕУ е најголемиот трговски партнер на Русија, со 37 отсто од вкупната трговија со стоки на земјата во 2020 година.

Обединетото кралство го поддржа заедничкото барање на ЕУ и САД да се суспендира Русија од  Светската трговска организација со итен ефект. Се вели дека својата одлука ја заснова на фактот дека СТО, на која Русија и се приклучи во 2012 година, е „организација која се заснова на почитување на меѓународното право“.