Британски психијатар: Пандемијата е најголем удар на менталното здравје од Втората светска војна

Кризата предизвикана од пандемијата од корона вирус е најголема закана за менталното здравје на луѓето од Втората светска војна наваму, предупредува британски психијатар.
Д-р Адриан Џејмс, претседател на Кралскиот колеџ на психијатри во Велика Британија, рече дека комбинацијата од болеста Ковид-19, нејзините социјални последици и економскиот пад има длабоко влијание на менталното здравје на луѓето кое ќе остане нарушено долго по пандемијата.
Смета дека дури на 10 милиони луѓе, меѓу кои и на 1,5 милиони деца, им треба поддршка во зачувувањето на менталното здравје како директна последица на пандемиската криза, покажуваат податоците на британскиот Центар за ментално здравје.
„Ова е веројатно најголем удар на менталното здравје од Втората светска војна. Ќе мора да најдеме начини да се соочиме со долгорочни последици“, рече Џејм за Гардијан.
Побарувачката за психолошки и психотерапевтски сесии опадна на почетокот на пандемијата затоа што луѓето се држеа подачеку од ординациите заради страв од ширење на вирусот. Но, по падот на побарувачката по сесии следеше нагло растење на бројот луше кои побараа помош. Џејм вели дека загрижувачко е што и понатаму расте бројот на луѓе кои бараат помош од стручњаците за ментално здравје.
На пример, според последните податоци од надлежните институции кои се во контакт со институциите за менталното здравје никогаш не бил поголем во Велика Британија. Некои болници известуваат дека полни им се капацитетите на одделите за ментално здравје.
„Комплетниот систем е под притисок“, вели Џејмс.
Моделирањето на британскиот Центар за ментално здравје предвидува дека околу 1,3 милиони луѓе кои порано немале проблеми со менталното здравје сега имаат потреба од лекување на умерена до тешка анксиозност, и дека 1,8 милиони луѓе мора да се лекуваат од умерена до тешка депресија.