Британски полицаец призна дека ја киднапирал, силувал и убил Сара Еверард
Поранешен полицаец на градската полиција на Лондон, Вејн Кузенс, призна пред судот дека ја киднапирал и ја силувал Сара Еверард.
Кузенс (48) урово на суд се изјасни за виновен за наведените точки од обвинението. Исто така, призна дека ја убил 33-годишната Еверард, но за обвинението за убиство ќе се изјасни на следното рочиште кое е предвидено за 9 јуни, пишува Скај њуз.
BREAKING: On Tuesday, Couzens pleaded guilty to the rape and kidnap of 33-year-old marketing executive Sarah Everard https://t.co/5uVW2NTQSd
— Evening Standard (@standardnews) June 8, 2021
Се враќала дома од кај пријателка
Еверард исчезна на 3 март, кога се враќала дома од кај пријателка. Последен пат е снимена во 21.30 часот, додека сама шетала по улица. Се смета дека одела пешки дома, за што би ѝ биле потребни околу 50 минути. Една недела потоа, полицијата го пронајде нејзиното тело во шумата.
Поранешниот полицаец работел во Одделот за заштита на парламентот и дипломатите. Бол задолжен за птаролирање на подрачјето на Вестминстерската палата, Даунин стрит и странските амбасади во Лондон.