Британски модни награди 2019: Наоми Кембел е модна икона, Армани со награда за животно дело


Англија- Синоќа познатите личности се собраа на доделувањето на British Fashion Awards за да ѝ оддадат почит на модната индустрија.

Армани во убаво друштво

Настанот се одржуваше во Ројал Алберт Хол во Лондон, а во центарот на вниманието беа Наоми Кемпбел и Џорџо Армани, кои добија награда за нивното животно дело.

Ријана

49-годишната убавица, која се закити со наградата Модна икона, носеше долг проѕирен фустан украсен со скапоцени камења на Александар Меквин. Наоми го дополнила изгледот со дијамантски обетки, нараквици и прстени, а нејзините сандали со сребрен детаљ совршено се вклопуваат со целата комбинација.

Џулија Робертс

Покрај Наоми, на црвениот тепих се појавија и Ријана, Кејт Бланшет и Џулија Робертс, кои привлекоа најмногу внимание со нивниот изглед.

Вини Харлоу

Британските модни награди ги слават креативноста и иновацијата во модата, како и поединците кои ги поместиле модните граници изминативе 12 месеци.

Ријана за својот бренд „Фенти“ ја доби наградата Urban Luxe Award. Модел на годината е Adut Akech, додека четири награди отидоа во рацете на модната куќа „Ботега Венета“  меѓу нив, дизајнер на годината,женски дизајнер на годината, дизајнер за модни додатоци  и за бренд на годината. Ким Џонс од Диор ја освои наградата за машки дизајнер на годината.

Рита Ора
Кејт Бланшет
Кајли Миног
Ирина Шајк
Наоми Кембел
Адут Акеч
Ана Винтур