Британски министер: Границите засега остануваат отворени


Британскиот министер за заштита на животната средина Џорџ Јустис, денеска изјави дека границите на таа земја засега ќе останат отворени.

Изјавата доаѓа по гласините во медиумите дека земјата ќе биде целосно затворена за пристигнувања од странство.

– Добро е да се биде претпазлив за патувања, но мислам дека не е добро целосно да се затвориме и да се затвори границата, рече Jустис.

Во моментов, во Велика Британија е во сила забраната за меѓународно патување, а оние кои доаѓаат од странство мораат да имаат негативен ПЦР тест и да бидат во карантин 14 дена.