Британската кралска флота предупреди за зголемена руска активност во британските води


Лондон – Британската кралска морнарица предупреди за зголемена руска активност околу британските територијални води откако помина 21 ден во јули следејќи ги руските бродови, објавија британската PА Media и ДПА.

Операциите за набљудување на руската активност се зголемија за 25 проценти во јули споредено со изминатата година, при што воените бродови направија повеќекратни преминувања преку Ламанш и Северното Море.

Крајбрежните патролни бродови „ХМС Тајн“, „ХМС Meрси“ и „ХМС Северн“ патролираа во текот на јули за да ги следат руските фрегати „Неустрашими“ и „Адмирал Григоровиќ“, кои имаат задача да ги придружуваат танкерите од таканаречената руска флота во сенка.

Русија ја користи својата „флота во сенка“, составена претежно од стари бродови, за да ги заобиколи меѓународните санкции наметнати врз нејзиниот извоз на нафта уште од почетокот на војната во Украина.