Британската кралица го одобри законот со кој се спречува Брегзит без договор


Британската кралица Елизабета Втора денеска даде конечно одобрение на законот со кој се спречува премиерот Борис Џонсон да ја изнесе земјата од ЕУ без договор на 31 октомври.

Потегот на кралицата, познат како „кралска согласност“, е ефективна мерка на кралството во врска со законот кој е усвоен во Парламентот минатата недела и покрај спротивставувањето на Владата.

Како што се наведува, тој е објавен во Горниот дом на Парламентот – Домот на лордовите.