Британската амбасадорка направи мекици за кралското бебе
Британската амбасадорка Рејчел Галовеј ја испочитува македонската традиција и денеска почести со мекици за раѓањето на кралското бебе, синот на принцот Хари и Меган Маркл.
„Традиција е во повеќе места во Северна Македонија да се послужат мекици на третиот ден откако е родено бебето, за негово здравје и долговечност. Некаде се нарекуваат и ‘лангиди’, а на други места се вари ориз. Во чест на кралското бебе, прославивме со оваа традиција“, објави амбасадорката на својот Твитер профил.
Кралското бебе се роди на 6 мај, а војводата и војвотката од Сасекс избраа да се вика Арчи Харисон Маунтбaтeн-Виндзор.
It’s traditional in many places in #NorthMacedonia to serve “мекици” on the 3rd day after a baby is born for good health and long life of the baby. In some areas they call them “лангиди” & in some places people cook rice. In honour of the #RoyalBaby we celebrated this tradition. pic.twitter.com/1qqDvHycsB
— Amb Rachel Galloway (@RGallowayUK) May 9, 2019