Британската амбасада донира опрема за Армијата во борбата против корона вирусот


Фото: Б. Грданоски

Британската амбасада во земјава денеска донираше опрема за Армијата за поддршка за нивното справување со ситуацијата со коронавирусот.

Британската амбасада на својот официјален Твитер профил објави дека е важно да се остане заедно во овие времиња на предизвици.

„Државниот секретар Николиќ ја прими британската донација од заштитни ракавици и повеќе видови пумпи на висок притисок и рачни пумпи за дезинфекција. Армијата се грижи за граѓаните, ние се грижиме за безбедноста и заштитата на нашите војници“, објави Министерството за одбрана на Фејсбук.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и британската амбасадорка Речјел Галовеј претходно разговараа преку конференциска врска за најновите информации во врска со коронавирусот во земјава, како и за идната соработка во одбраната.

„Одржавме виртуелен состанок со министерката за одбрана Шекеринска денеска за да разговараме за најновите информации за ситуацијата со коронавирусот во Северна Македонија и за идната соработка во одбраната. Задоволство ми беше да слушнам за напорите на Армијата кои работат со клучните институции во борбата против Ковид 19“, напиша на Твитер британската амбасадорка.