Британија воведе санкции против Путин и Лавров


 

Велика Британија веднаш ќе воведе санкции против рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, покрај пакетот санкции објавен во четвртокот, им рекол премиерот Борис Џонсон на лидерите на НАТО за време на самитот попладнево, според Даунинг стрит.

Џонсон ги повика британските сојузници веднаш да ја исклучат Русија од системот за плаќања Свифт за да „нанесе максимална болка“ на Кремљ, рече портпаролката на Даунинг стрит, нагласувајќи дека премиерот му рекол на НАТО дека Британија е подготвена за секое дополнително барање за воена поддршка за земјите од НАТО.