Британија во ќор-сокак – ѝ требаат милијарди фунти
На Велика Британија и се потребни 100 милијарди фунти нови инвестиции годишно или околу 119 милијарди евра во следните 10 години за да ги постигне своите економски цели и да постигне годишен економски раст од најмалку три проценти.
На Британија затоа и се потребни трилиони фунти нови инвестиции во период од десет години, пренесува Гардијан.
Според експертите, новите средства треба да се инвестираат пред сè во енергетскиот и станбениот сектор.
На енергетскиот сектор на Велика Британија му требаат 50 милијарди фунти годишно, додека за станбениот фонд треба да се издвојат од 20 до 30 милијарди фунти, а за проекти за подобрување на водоснабдувањето осум милијарди фунти.
На Лондон му требаат и ризичен капитал од 20 до 30 милијарди фунти за раст на компаниите на кои им е потребно финансирање за да ги прошират своите операции.
Извештајот сугерира дека Британија треба да создаде атмосфера каде што потрошувачите ќе бидат многу поподготвени да преземаат ризици и да ги инвестираат своите пари во локални бизниси отколку да ги чуваат на нивните готовински сметки.
Овој тип на однесување треба да се стимулира со укинување на данокот за купување акции и да им се овозможи на компаниите да ги охрабрат луѓето со големи парични заштеди да инвестираат, се наведува во извештајот.