Британија подготвена да разговара со ЕУ за Брегзит


Британија му испрати на Брисел „конструктивна понуда“ за Брегзит и сега има волја да преговара за детали од договорот за излез од Унијата, изјави секретарот за Брегзит Стивен Баркли.

– Фокусираме сме на постигнување договор, затоа што мислиме дека тоа е најдобро решение. Тоа се сериозни предлози и мораме да разговараме со ЕУ за нив, рече Баркли.

Во врска со можно одложување на Брегзит, британскиот дипломат рече дека за тоа мора да постои согласност од сите други 27 држави членки на ЕУ.

Велика Британија вчера го испрати својот предлог за Брегзит до лидерите на Европската унија, а премиерот Борис Џонсон повика на брзи преговори за постигнување решение.