Британија може да воведе шестмесечни рестрикции

 

Заради забрзанио раст на бројот новозаболени од Ковид-19, премиерот на Велика Британија Борис Џонсон размислува за воведување нов карантин во земјата.

Се очекуа Крис Вити, главниот медициснки стручњак на британската влада, на денешната конференција за печат да објави дека земјата се наоѓа во критична точка на пандемијата во пресрет на предизвикувачкиот зимски период.

Вити деновиве рече дека се води од искуството на другите земји како Франција и Шпанија, кои сега се соочуваат до втор бран, за да се најде најдоброто решение во борбата против епидемијата во Британија.

Џонсон вчера разговараше со вити и со главниот владин советник за наука Патрик Валенс, каде го претстави планот за борба против вирусот со кој може да воведе и шест месечни ограничувања и затворање на британија, пренесе Спутник.

Откриено е дека ќе се наложи затоврање на ресотираните и други јавни места кои на поголеми групи им овозможува собирање, а полицијата и инспекциите ќе бидат задолжени на лице место да се осигураат дека се исполнуваат прописите, поради се поголемиот број заразени со Ковид-19.

Како што наведува Ројтерс, бројот ан новозаразени во Велика Британија се зголемува за најмалку 6.000, а бројот на пациенти кои се примаат во болница заради Ковид-19 двојно се зголемува на секои осум дена.

Министерот за сообраќај Грант Шнапс предупреди дека карантинските мерки ќе мора да бидат добро усогласени за економијата да не падне, а ќе продолжат со работа и училиштата.

Официјалниот црн биланс во Велика Британија е 41.777, според што таа е прва во Европа, односно петта во светот.