Британија ќе има пад на БДП од 35 отсто во вториот квартал


Велика Британија би можела да се соочи со пад на БДП од 35 проценти во вториот квартал, при што невработеноста да порасне за два милиони и да изнесува 10 проценти од населението, според сценариото изготвено од владиниот економски орган во Канцеларијата за буџетска одговорност (ОБР).

Врз основа на претпоставката дека заклучувањето од корона вирусот да трае три месеци Британија би видела уште поголем економски шок од искуството кое го имаше во двете светски војни.

Сепак, вели ОБР, во ова сценарио влијанието би било привремено, при што БДП би се вратил брзо по затварањето, при што и падот на невработеноста, иако побавно.

Задолжувањето на владата би се зголемило за 218 милијарди фунти во 2020-21 година, во однос на претходната прогноза во март, достигнувајќи 14 проценти од БДП, пред да се врати блиску до прогнозата на среден рок.

„Ова би бил најголемиот едногодишен дефицит по Втората светска војна“, велат од ОБР.