Британија ја стави на листата на санкции и ќерката на Сергеј Лавров

Полина Ковалева, која е ќерка на неофицијалната сопруга на Лавров, живее со години раскошен живот во Лондон. Нејзиниот дом вреди 4 милиони фунти


 

И поќерката на Сергеј Лавров е ставена на новата листа на санкции што ги воведе велика Британијана која се наоѓаат низа руски „олигарси, бизниси и најмени насилници“.

Исто така, меѓу целите на новите мерки објавени денеска се платеници од групата „Вагнер“ – познати како „приватната армија на Путин“ и обвинети за обид за атентат на украинскиот претседател Володимир Зеленски и други високи украински политичари.

Новите санкции опфаќаат поединци меѓу кои и милијардерот нафтен тајкун Евгениј Швидлер, основач на банката Тинкоф, Олег Тинков, Герман Греф и Полина Ковалева, наводната поќерка на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Британското Министерство за надворешни работи тврди дека таргетирањето на Полина „праќа силен сигнал дека оние што имаат корист од здружувањето на одговорните за руската агресија се во опсегот на нашите санкции“.

Најистакната цел на санкциите е дипломираната студентка на Империјал колеџ, Полина Ковалева, гламурозна 26-годишна девојка која живее во дом вреден 4 милиони фунти во Кенсингтон во Лондон.

Полина отишла во приватен интернат во Бристол пред да се стекне со прва диплома по економија со политика на Универзитетот Лафборо, а подоцна да заврши магистерски студии по економија и стратегија за бизнис на Империјал колеџот во Лондон.

Таа почна да работи за „Гаспром“, рускиот енергетски гигант, каде помагаше при спојувања и преземања, а подоцна работеше во „Гленкор“, рударската компанија. Пред да купи сопствен дом, таа живеела во Холанд Парк, западен Лондон, во стан во градска куќа што е во сопственост на руската амбасада.

Се наведува дека мајката на Полина е Светлана Полјакова (51), моќен член на руското Министерство за надворешни работи, која го придружува Лавров на секое патување во странство и двајцата се во врска од раните 2000-ти. Се шпекулира дека таа е неофицијална сопруга на Лавров.