Британец сака да му ја отсечат ногата оти не му даваат да се натпреварува како параолимпиец


 

Џорџ Бејтс, репрезентативец на Велика Британија во кошарка во колички, размислува за тоа да си ја ампутира ногата.

Бејтс смета дека е приморан на вака радикален потег поради неодамнешната промена на правилата со кои му се оневозможува да продолжи да се занимава со својот спорт, воедно и да учествува на Параолимписките игри.

Британецот има Судеков синдром, односно комплексен регионален болен синдром, поради кој не може самостојно да оди, туку му е потребна помош, шро од скоро, не е доволно за да биде сметан за параолимпиец.

„Ова многу ме изненади. Регистриран сум како лице со инвалидитет веќе 15 години, така што ова ме здроби. Се откажав од се во животот за да се занимавам со ова, тренирав 10 години и ова ме шокира и ме повреди“, вели Бејтс за британски Скај.

Се се промени поради правилата воведени во 2015 година кои досега Меѓународниот сојуз за кошарка во колички не ги почитуваше.

Новите правила ги воведе Меѓународниот параолимписки комитет, а во јануари, тврди Бејтс, од каде му се заканиле на Сојузот дека нивниот спорт ќе биде исфрлен од Параолимписките игри ако правилата не се следат.

„Во јануари почнав процес да бидам рекласифициран и се се завеши во средата кога е објавено дека мојата состојба не е доволна по новите правила. Нивниот правилник е доста ограничувачки затоа што не зема во предвид многу инвалидитет. Процесот е потполно црно-бел, инвалидитетите не се такви“, објснува Бектс.

Кога имал 14 години можел да ја ампутира ногата, но тогаш одлучил да ја задржи.

„Тоа беше реална опција кога бев помлад. Кога ќе погледнам сега, жал ми е што не го направив тоа. Значително би си ги олеснил работите, но никогаш не мислев дека ќе бидам во позиција како парализирано лице да не можам да играм спорт за парализирани“, јасен е Британецот.

„Прво оди жалбена постапка, потоа постојат некои работи кои исто така може да ги направам, пред да донесам одлука… Но, мора да размислувам сега, затоа што не е одлука што се носи на брзина. Јас можеби имам уште десет години кареара, а потоа ќе мора така да живеам до крајот на животот, затоа тоа е голема одлука“, заклучува Бејтс.