Британците се шегуваат со новата службена јахта на Борис Џонсон


Додека во Македонија е скандал кога политичарите купуваат нови скапи службени автомобили во Велика Британија температурата се крева кога се купуваат службени јахти. Последната намера на премиерот Борис Џонсон да ја замени старата Кралска јахта „Британија“ со нова национална јахта за да плови низ светот, на неа да организира трговски разговори, министерски самити и дипломатски преговори. Со оглед на тоа дека цената за новата јахта се зголемува, опозицијата побара од премиерот да се откаже од проектот, а на социјалните мрежи  почнаа да се објавуваат сатирични фотографии од тоа како би изгледала таа и каков луксуз може да се обезбеди со тие суми. 

-Финалниот дизајн за новата кралска јахта е одобрен. Изградбата ќе започне на 1 април 2022 година и ќе чини само 250 милијарди фунти, а ќе има терен за голф со големина од 253,2 лондонски автобуси! – беше објавено денес на твитер заедно со фотографија на која се гледа јахта која повеќе личи на плажа отколку на брод.

Реално, според најавите од Даунинг стрит јахтата нема да чини милијарди туку според проценките 250 милиони фунти, што исто така е фантастична бројка. Џонсон е критикуван дека изгубил контрола  на суетата откако стана јасно дека пвичната цена на чинење, што беше најавена, не е реална и ќе се зголемува. Претходно беше објавено дека јахтата ќе чини  од 150 до 200 милиони фунти. Кралската јахта „Британија“ инаку  беше пензионирана во 1997 година.

Секретарот за одбрана Бен Валас рече дека може да бидат потребни уште пари на даночните обврзници за изградба на „пловечката амбасада“.”Има многу извештаи околу овој брод. Не е се точно од објавеното . Затоа дозволете ми да ги објаснам  нашите основни цели. Преку барање понуди и конкуренција, имам за цел да  нарачам бродот од 200 до 250 милиони фунти по фиксна цена цена”, најави тој.

Претходно беше потврдено дека парите за изградба на новата национална „прва јахта“ ќе дојдат од буџетот на Министерството за одбрана, и покрај планот таа да се користи за трговија, а не за одбранбени цели.