Британците: Русија ја повтори целта – тоа сега не е можно


 

Британското министерство за одбрана го објави новиот извештај за војната во Украина.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков на 8 декември ги повтори целите на „специјалната воена операција“.

Рече дека една од главните цели на Русија е да го „заштити“ народот на Донбас и југоисточна Украина, но утврди дека има уште многу работа до „ослободување на тие територии“, сметаат Британците.

Изјавата на песков сугерира дека воените цели на Русија остануваат непроменети, забележуваат Британците.

Тие продолжуваат со својата цел, да ја прошират контролата на Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон. Руските воени стратези веројатно и понатаму целат на посилен продор во Доњецк.

„Меѓутоа, малку е веројатно дека руската стратегија во овој момент ќе ги оствари своите цели. Тешко е да се верува дека руската војска е во состојба да створи ефикасна офанзивна сила способна да ги заземе овие области. Руските сили тешко ќе остварат значителни оперативни придвижувања во следните неколку месеци“, велат Британците.